Претседателот Стево Пендаровски вечерва изрази сочувство до семејствата на починатите во пожарот во ковид-центарот во Тетово кој го нарече страшна трагедија.
„Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување“,
наведува Пендаровски.
Во пожарот во кој изгоре модуларната болница со ковид-пациенти, според последните официјални податоци, има најмалку десет загубени човечки животи.
Пожарот е изгаснат, пожарникарите се повлекоа, а на терен во моментов се пет обвинители (тројца од Тетово и двајца од Скопје). Од Обвинителството доцна вечерва соопштија дека бројот на жртви сè уште се утврдува.
*Поврзани вести:
ФОТО: Пожар во модуларната болница во Тетово
(ФОТО+ВИДЕО): Изгоре модуларната болница во Тетово, има и жртви
Најмалку 10 загинати во пожарот во Тетово
Заев, Ахмети, Филипче не дадоа изјави, заврши седницата на кризниот штаб во Тетово
Пет обвинители го истражуваат пожарот во модуларната ковид болница во Тетово