Градоначалничката на Тетово рече дека нема да има изјави се додека не заврши форензичката истрага
Ова е голема трагедија, рече доцна вечерва градоначалничката на Тетово, Теута Арифи по завршувањето на состанокот на кризниот штаб во општинската зграда, но не сподели детали и официјални информации за бројот на жртви и повредени во пожарот во модуларната ковид-болница.
„Немаме точни информации за многу детали. На кризниот штаб одлучено е да не се даваат изјави се додека не добиеме официјални информации. Истражните органи ги испитуваат причините за пожарот. Ова е голема трагедија“,
рече Арифи.
Според досегашните официјални информации од Министерството за здравство, во несреќата има најмалку 10 загинати, но се најавува дека бројката може да расте.