Јавното обвинителство доцна вечерва соопшти дека вкупно пет обвинители во моментов се во Тетово и работат на расчистување на пожарот во модуларната ковид болница кој одзеде најмалку 10 човечки животи. Од институцијата, интегрално, соопштија:
„Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место во модуларната ковид болница во Тетово каде вечерва избувна пожар во кој има жртви чиј број се утврдува.
Во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство. Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар“,
соопштија од Јавното обвинителство.