„Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години“, порача ексшефот на државата
Откако ѝ ја предаде функцијата на новата претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, ексшефот на државата Стево Пендаровски вчера во куса објава на Фејсбук им се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба во изминатите пет години од неговиот мандат.

„Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години“,
пишува Пендаровски во објавата на Фејсбук.
Објавата на Пендаровски следува откако претходно во текот на вчерашниот ден тој и официјално ѝ ја предаде претседателската функција на Силјановска-Давкова во вилата „Водно“. Дочекот на новата претседателка беше придружен со највисоки државни и воени почести, а по примопредавањето на функцијата двајцата одржаа тет-а-тет средба. Пендаровски, како што соопштија од кабинетот на претседателот, ѝ ја честитал победата на Силјановска-Давкова и ѝ посакал успех во извршувањето на функцијата.
На средбата претходеше инаугурацијата на Силјановска-Давкова во Собранието.
- Инаугурирана новата претседателка: Митрески во заклетвата прочита ‘Република Северна Македонија’, Силјановска рече ‘Македонија’
- (ВИДЕО) Свечената изјава на Силјановска-Давкова што ја налути Грција
- Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна, порача Силјановска во инаугуративниот говор, кој им го посвети на жените