По 88 дена и четири одлуки на шефот на државата, во Северна Македонија денеска е прв ден без вонредна состојба, што значи и почеток на роковите за довршување на предвремените парламентарни избори
Претседателот Стево Пендаровски е подготвен да ја продолжи вонредната состојба, ако има договор меѓу партиите за друг изборен датум, по 5 јули.
Оваа го најавуваат од претседателскиот кабинет, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика шефот на државата да донесе нова одлука за вонредна состојба, за изборите да може да се одржат на средината на следниот месец, откако во земјава ќе пристигнат набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и ќе бидат донесени нови здравствени протоколи за побезбедно гласање.
„Претседателот е подготвен да донесе нова одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на цела држава, само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување“,
велат од кабинетот на Пендаровски.
Претседателот во петокот ги повика на средба лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но тие не дојдоа до компромисно решение за изборниот датум.