Со оглед дека Северна Македонија како членка на НАТО се приклучи кон санкциите за Русија, претседателот вели дека очекува реципрочна мерка од Москва
Според разузнавачките информации, предупредувањата дека рускиот претседател Владимир Путин ќе влезе во Украина се од пред пет месеци, потсети шефот на државата Стево Пендаровски во гостувањето во „Утрински брифинг“ каде што оцени дека во оваа ситуација Бања Лука е најранлива точка на Западен Балкан.
„Немам никакви комуникации со рускиот амбасадор, а веројатно нема ни владата, но, бидејќи како членка на НАТО се приклучивме кон санкциите, очекувам реципрочна мерка. Во политичкиот дел исто така очекувам мерки бидејќи односите не ни се добри веќе две години. Во однос на безбедносните консеквенции ако Путин ја освои Украина, на Западен Балкан најранливата точка е Бања Лука“,
рече Пендаровски за „Утрински брифинг“.
Тој додаде дека е очигледно оти има постојан канал на комуникации меѓу Владимир Путин и Милорад Додик.