Светски познатиот писател Пауло Коелјо се побуни зошто социјалната мрежа Фејсбук бара да се спонзорираат односно доплаќаат споделените објавени со цел да стигна до поголема публика.
Тој вели дека има над 27 милиони следбеници на Фејсбук, но неговите објави стигнуваат само до 3 отсто од нив.
„До денеска имам над 27.709.000 следбеници на мојата страница. Но, помалку од 3 отсто ги добиваат моите објави тука. Доколку сакам да се зголеми бројот, треба да платам сума на пари. Јас, бесплатно ги споделувам моите визии за светот, тогаш зошто треба да платам за да се поврзам со моите читатели?“,
пишува Коелјо.
Тој во претходен пост на Твитер напиша дека алгоритмите на социјалните мрежи се новите цензори.
Коелјо е бразилски писател, кој публиката на овие простори ја освои со романот „Алхемичарот“. Овој роман е преведен на 71 јазик и со тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди за најпреведувана книга од познат автор. Таа е меѓу најпродаваните книги во светот.