Патникот кој денеска авионски пристигна во Скопје од Германија, а за кој министерот Венко Филипче информираше дека се тестира за коронавирус, има негативни резултати на тестот, соопштија вечерва од Министерството за здравство.
„Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија и беше тестиран е негативен на корона вирусот. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата“, с
оопштија од Министерството.
Покрај него, попладнево биле тестирани уште осум пациенти и една медицинска сестра од Клиниката за инфективни болести, но сите тестови се негативни на вирусот.
Во вечерашното соопштение од Министерството соопштуваат и дека од два патнички авиони на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји биле вратени вкупно 26 странски државјани.
*Поврзана вест: За заштита од коронавирусот: Забрана за влез на државјани од 7 земји со висок ризик
Инаку, денеска во земјава се открија четири нови случаи на коронавирус. Станува збор за пациенти од Дебар кои сè уште се наоѓаат таму и се во стабилна состојба, а утре ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Откривањето на четири нови случаи, беше причина и Владата денеска да прогласи кризна состојба на територијата на Дебар и Центар Жупа.
*Поврзана вест: Дебар и Центар Жупа се изолираат, во карантин жителите и затекнатите граѓани