Лесли Џејн Ферар, поранешната главна благајничка на принцот Чарлс е една од шесте жени кои папата Франциск ги избра како членови на Советот за економија, чија задача е да врши надзор над финансиското работење на Ватикан.
Со нивното именување на овие високи позиции, папата настојува да го исполни ветувањето за постигнување рамнотежа во бројот на мажи и жени во ватиканската администрација.
Претходно, Советот за економија беше составен само од мажи. Во него има 15 членови. Координатор е еден од кардиналите, а останатите 14 места подеднакво ги делат членови на клерот и лаици.
Сега, меѓу лаиците ќе има шест жени и еден маж. Освен поранешната благајничка на принцот Чарлс, меѓу именуваните е и поранешната британска министерка за образование, Рут Меј Кели. Останатите четири доаѓаат од редовите на науката, како и од бизнис секторот и од банкарството.