Во соопштението од хрватското претседателство се истакнува дека во договор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе се обиде да се најде нов термин за одржување на Самитот ЕУ-Западен Балкан во јуни, доколку ситуацијата го дозволи тоа
Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој требаше да се одржи на 7 мај во Загреб, е одложен, соопшти хрватското претседателство во објавата на веб-страницата на претседателството.
Во него се истакнува дека се одложуваат сите неформални состаноци и конференции до 15 мај поради ситуацијата со коронавирусот.
Во договор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе се обиде да се најде нов термин за одржување на Самитот ЕУ-Западен Балкан во јуни, доколку ситуацијата со корона кризата тоа го дозволи.
„Алтернативно, во неможност да се одржи физички состанок, ќе се предложи состанокот да се одржи со помош на видео врска (до крајот на хрватското претседателство)“, се вели во соопштението.