На врвот Пелистер на планината Баба падна првиот снег за оваа сезона. Порталот „Бабам Битола“ објави и фотографии од планинскиот врв наведувајќи дека температурите таму достигнуваат и до минус 3 Целзиусови степени.
Според прогнозите на УХМР за денеска, времето во земјава ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои наместа во текот на денот ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, а максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.
„И во следните денови ќе бидеме под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе се задржи претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер“,
наведуваат од УХМР.