„Нашата стратешка соработка ќе биде заснована врз принципите на заемно почитување, целосно уважување на суверенитетот, меѓународното право и заедничките интереси на нашите граѓани. Во услови на нови глобални предизвици, нестабилност, безбедносни ризици и економски трансформации денес повеќе од кога било е важно државите кои споедлуваат исти вредности да градат посилни партнерства“, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција со својот хрватски колега кој е во официјална посета на земјава
Во однос на евроинтеграциите, Пленковиќ jа оцени како неправедна блокадата на Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, изразувајќи надеж за можно заедничко решениe на ова прашање на претстојниот самит на Западен Балкан во Тиват, Црна Гора
Премиерот Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска во Охрид потпишаа договор за стратешка соработка меѓу владите на двете земји, што, како што беше истакнато, преставува нова етапа во билатералните односи меѓу Скопје и Загреб.

Исто така, беше потпишан и договор, односно меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија.
Премиерите Мицкоски и Пленковиќ на заедничката прес-конференција по потпишувањето на договорите, истакнаа дека со нив се продалбочуваат и онака добрите и пријателски односи меѓу двете земји. Беше посочено дека Хрватска, наш сојузник во НАТО, како и земја членка на Европската Унија, останува еден од нашите главни партнери и поддржувачи во евроинтегративниот процес.
Мицкоски во своето обраќање кажа дека денешаната посета на премиерот Пленковиќ на Македонија има особено значење за двете држави, затоа што, како што кажа, не станува збор за обична дипломатска средба помеѓу две влади, туку претставува потврда на едно пријателсво кое се градело со години, на односи кои се темелат врз заемна почти, разбирање, соработка и искрена поддршка.
„Република Хрватска е наш близок партнер, пријателска земја и сојузник во НАТО. Земја со која делиме многу заеднички интереси, слични регионални предизвици, но и заедничка визија за стабилен, безбеден, развиен и европски Западен Балкан“,
рече македонскиот премиер.
Кажа дека до својот хрватски колега имале исклучително отворен, конструктивен и пријателски разговор за повеќе прашања од заеднички интерес – билатералната соработка, економските односи, инвестициите, инфраструктурното поврзување, енергетиката, европските интеграции, регионалната безбедност, како и актулените геополитички случувања кои, како што наведе Мицкоски, влијаат врз целиот европски простор.
Оценувајќи го како повеќе од дипломатски акт, Мицкоски, осврнувајќи се на договорот за стратешка соработка, рече дека со него двете земји ја подигаат меѓусебната соработка на уште повисоко ниво и формираат рамка за долгорочно партнерство со јасна политичка определба.

„Тој (договорот) претставува рамка за долгорочно партнерство и јасна политичка определба за продлабочување на нашите односи во области кои се од суштинско значење за иднината на двете држави. Нашата стратешка соработка ќе биде заснована врз принципите на заемно почитување, целосно уважување на суверенитетот, меѓународното право и заедничките интереси на нашите граѓани. Во услови на нови глобални предизвици, нестабилност, безбедносни ризици и економски трансформации денес повеќе од кога било е важно државите кои споедлуваат исти вредности да градат посилни партнерства“,
рече Мицкоски.
Токму затоа, посочи тој, договорот потпишан денеска создава множност за уште поинтензивна соработка во повеќе стратешки сектори.
„Ќе работиме на развој на конкретни иницијативи и проекти во транспортот, енергетиката, информатичките технологии, индустријата, производството, здравството, образованието, јавната безбедност, цивилната заштита, одбраната, кибербезбедноста и управувањето со границите“,
рече Мицкоски, посочувајќи дека од посебно занчење е што договорот отвора простор за подлабока поврзаност помеѓу институциите, комапниите, инвеститорите, академската заедница, граѓанскиот сектор и експертските заедници на двете земји.

Една од најважните теми на разговорите со хрватскиот премиер, рече Мицкоски, била европската интеграција на земјава, притоа потсетувајќи дека Хрватска е земја која успешно го помина патот од кандидат до полноправна членка на Европската Унија, иако тој пат почна да го оди заедно со Македонија.
Според Мицкоски, токму затоа хрватското искуство има особена тежина и значење за нашата држава, бидејќи за нас, како што кажа, европската интеграција не е само надворешно политичка цел, туку процес на институционално созревање, владеење на правото, економски развој, модернизација и создавање на подобри услови за живот на нашите граѓани.
Премиерот посочи дека патот на земјава кон ЕУ е, за жал, исполнет со непринципиелни блокади, поради што се доведува во прашање интегритетот на самиот процес.
„Но сакаме да веруваме во Европа на вредности, во Европа на принципи, Европа која препознава реформи, посветеност и резултати“,
рече Мицкоски.
Тој се осврна и на разговорите што со Пленковиќ ги имале за соработката во енергетскиот сектор, областа која, како што кажа, станува едно од најважните стратешки прашања на современиот свет. Енергетиката, рече Мицкоски, одамна не е економско прашање.
„Таа е прашање на национална сигурност, отпорност конкуретност и долгорочен развој. Токму затоа особено значење има меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор кој денеска се потпишува меѓу нашите ресорни министерства“,
рече тој.
Хрватскиот премиер Пленковиќ говореше за економските односи помеѓу двете земји, за кои рече дека постои простор за нивно подобрување бидејќи голем број хрватски комапнии, чии претставници се присутни во Охрид, се заинтересирани за влез на македонскиот пазар.
„И двете земји се наоѓаат на многу важен трансевропски коридор, што сметам дека е посебно важно за вас и се надевам дека ќе продолжиме со инвестициите и ќе овозможиме поедноставен превоз не само на патници. Драго ми е што Хрватска со законските измени за превозниците даде порака до сите соседни земји“,
рече хрватскиот премиер.

Како особено важна тој ја истакна соработката во одбраната. Големите инвестициски циклуси за засилување на хрватската војска биле една од темите кои биле нагласени на состанокот.
Во однос на евроинтеграциите, Пленковиќ како неправедна ја оцени блокадата на Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, изразувајќи надеж за можно заедничко решение на ова прашање на претстојниот самит на Западен Балкан во Тиват, Црна Гора.
„Оваа ситуација е направедна и бара тие процеси да се одблокираат и да се направат клучни чекори за членство. Ќе настојуваме да ви помогнеме“,
подвлече Пленковиќ.
