Тој не мисли дека Македонците таму добиле нешто со овој клуб, освен што, како што кажа, „ја поларизираа бугарската јавност кон нив“
Немаме ништо против отварање на клубови тука и таму, но според Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, граѓаните имаат право на здружување. Се гледа дека влегуваме во еден натпревар, во едно инструментализирање на луѓето. Ова е инструментализирање на финансиерите на овој клуб и тука нема добри намери, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „24 анализа“.
Османи, коментирајќи го отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград рече дека овој циклус со инструментализирање на правата не е во духот на добрососедството.
„Имало таму луѓе со најдобра намера, но сметам дека овој циклус на инструментализирање на малцинските права овде преку клубовите во Охрид и во Битола и клубот во Благоевград не е во духот на добрососедството. Тука имињата не беа добронамерни и не мислам дека тоа помагаше на бугарската заедница. Времето кога ова се случува и начинот на кој опозицијата се надоврзува за да „лови“ некои политички поени, сметам дека е обратно од она што ние сакаме да го правиме. Ние сакаме еден нормален циклус. Бугарската Влада погреши што дојде тука на отварање на клубот и тоа го сметавме за провокација“,
рече Османи.
Тој не мисли дека Македонците таму добиле нешто со овој клуб, освен што, како што кажа, „ја поларизираа бугарската јавност кон нив“.
„Токму во интерес на Македонците во Бугарија и обратно е еден поинаков циклус на односи отколку овој негативен натрпевар што се случува повеќе од инает на другиот, отколку за промоција на сопствените вредности. Тоа е на штета на заедниците и на штета на добрососедските односи“,
рече Османи.