Организаторите на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг објавија денеска дека се откриени 72 случаи на ковид-19 меѓу 2.586 лица поврзани со Игрите, кои влегле во Кина во периодот од 4 до 22 јануари.
Од потврдените случаи, 39 се регистрирани при тестирања на аеродромот, додека 33 внатре во „олимпискиот балон“.
Во соопштението се прецизира дека меѓу 171 спортисти и официјални лица, кои влегле во Кина во истиот период, нема позитивни на коронавирусот.
Во периодот од 4 до 22 јануари вкупно биле направени 336.421 ПЦР тестирања.
Инаку, подготовките за претстојните Зимски олимписки игри се кон крај, а отворањето на манифестацијата, се очекува да биде спектакуларно.
ЗОИ ќе бидат одржани под посебни ковид услови и без присуство на странски навивачи на трибините.
Во главниот град на Кина е нарачано тестирање на коронавирусот на два милиони жители во реонот во кој се регистрирани поголем број заразени.
Пекинг ќе биде домаќин на ЗОИ од 4 до 20 февруари.