Портпаролот на полицијата вели дека се прават напори да се отстранат климатските активисти од аеродромските писти

Авиосообраќајот на аеродромот во Франкфурт денеска привремено е прекинат откако климатски активисти одржаа демонстрации во близина на аеродромските писти.
Аеродромските власти на социјалната платформа Икс ги информираа патниците за прекинот на летовите. Во објавата се вели дека патниците треба да го проверат статусот на својот лет на веб-страницата на нивната авиокомпанија пред да патуваат на аеродромот.
Подоцна објавата е ажурирана и се вели дека летовите постепено се враќаат.
UPDATE 07:51 (UTC+2):
— Frankfurt Airport (@Airport_FRA) July 25, 2024
Due to a police operation, air traffic had to be temporarily suspended at FRA. Currently, flight operations are gradually resuming. We ask all passengers to check their flight status on their airline’s website before traveling to the airport. pic.twitter.com/qbaiLqkPwe
Портпаролот на полицијата во изјава за агенцијата Франс прес вели дека се прават напори да се отстранат климатските активисти од аеродромските писти.
Организаторите на протестот кои се нарекуваат Последна генерација на Икс објавија дека шестмина нивни активисти се на повеќе делови од пистите на аеродромот.
На фотографијата која е објавена од групата се гледа како активист седи на асфалтот со транспарент „нафтата убива“.
✈️ Heute: Flughafen Frankfurt.
— Letzte Generation (@AufstandLastGen) July 25, 2024
Die weitere Förderung und Verbrennung von Öl, Gas und Kohle ist eine Bedrohung unserer Existenz.
Wir haben uns international zusammengeschlossen:
Raus aus den Fossilen bis 2030! #FossilFuelTreaty @_oilkills https://t.co/kZd68Hc4Nx pic.twitter.com/920CBlB22k
Групата, која сака германската влада да постигне глобален договор за излез од нафтата, гасот и јагленот до 2030 година, наведе неколку земји низ Европа и Северна Америка каде што се планираат слични нарушувања како дел од протестната кампања што започна во средата, пренесува „Гардијан“.
Германскиот аеродром Келн-Бон, шестиот по големина во земјата, во средата ги прекина летовите на неколку часа откако климатските активисти се залепија на пистата, додека слични акции на другите европски аеродроми беа спречени од властите.
Глобалната авијација е одговорна за околу 2,5 отсто од глобалните емисии на јаглерод, што е повеќе од годишниот јаглероден отпечаток на Бразил и Франција заедно.