Ќе работат и ски-лифтовите и жичарниците

Од утре (22 јануари 2022), ќе може да се скија на Попова Шапка, информираат од ски-центарот откако изминативе десетина дена наврнаа потребните 30-40 сантиметри снег за да може да се подготват патеките.
Ски-лифтовите и жичарниците ќе работат од 8:45 до 15:30 часот, додека работно време на билетарниците е од 8:00 до 16:15 часот.
„Се е подготвено за скијање, со специјалните возила и машини ’ратраци‘ за обработка и подготвување на скијачките терени се оспособија патеките за скијање. Скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски-лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница“,
изјави Живе Алексовски, извршен директор на ЕЛЕМ Турс.
На Фејсбук-профилот на ски центарот се објавени и цените за користење на ски-лифтовите и жичарниците. Има можност и за набавка на дневни, полудневни и сезонски билети.