Покрај него, од Бугарија се протерани уште двајца црковни службеници. Одлуката на бугарските власти за протерување на тројцата црковни службеници од Московската патријаршија во Софија, руската амбaсада ја оцени како „остро и бесрамно дејствие“
Пред четири дена, на 17 септември, шефот на руското црковно предворје во Софија, архимандритот Васијан Змеев, доби забрана за влез во С Македонија, а освен него од земјава беа протерани и тројца руски дипломати
Откако пред неколку дена доби забрана за влез во С Македонија, шефот на руското црковно предворје во Софија, архимандритот Васијан Змеев, сега е протеран од Бугарија поради „закана за националната безбедност“.
„Бугарските власти сметаа дека отец Васијан е закана за националната безбедност“,
изјавиле руски дипломати, цитирани од ТАСС, каде што по првпат беше објавена веста.
Покрај него, како што објави Амбасадата на Русија во Софија, од Бугарија се протерани уште двајца црковни службеници вработени во црквата „Свети Никола Мирликиски Чудотворец“.

Одлуката на бугарските власти за протерување на тројцата црковни службеници од Московската патријаршија во Софија, руската амбасада ја оцени како „остро и бесрамно дејствие“.
„Револтирани сме од одлуката донесена од бугарската страна. Очигледно е дека сегашното раководство на Бугарија си постави задача да ги уништи не само општествено-политичките, културните и хуманитарните врски меѓу нашите земји, туку и да ги наруши односите меѓу сестринската руска и бугарската православна црква и да ги огорчи рускиот и бугарскиот народ еден против друг“,
се наведува во фејсбук-објавата на руската амбасада во Бугарија.
Во изјава за ТАСС, руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова, изјавила дека тројцата свештеници денеска биле повикани во просториите за миграција каде што им било кажано оти мора да ја напуштат Бугарија.
Во изјавата на Митрофанова, која е цитирана од бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), се додава оти тројцата свештеници потоа со полициско возило биле однесени до своите домови за да можат да си ги соберат работите, оттаму биле однесени во црквата, а потоа и до границата со Србија.
Пред четири дена, на 17 септември, шефот на руското црковно предворје во Софија, архимандритот Васијан Змеев, доби забрана за влез во С Македонија, а освен него од земјава беа протерани и тројца руски дипломати.
Змеев, како што објави „Религија.мк“ е рускиот црковен претставник на Московската патријаршија, кој изминатава година имал интензивни посети на земјава и зачестени средби високи претставници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ ОА). Тој ја имал улогата на координатор на руските црковни политики на Балканот, со особено влијание во Бугарија и во С Македонија.
Според неофицијални информации на порталот, негова заслуга бил застојот во односите со Вселенската патријаршија за целосно признавање на автокефалноста на МПЦ ОА.