На денешниот брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи, информираше дека од МНР била испратена тричлена делегација во Софија, составена од нашиот амбасадор во ЕУ, директорот на директоратот за Европски земји и директорот на директоратот за Европска Унија.
„Се разбира од бугарската страна беа хомолози од тие директорати и затоа така е направен составот на нашата група. Во овој еднодневен состанок имаше детално читање на позициите на двете страни во однос на секоја од точките за да може тоа што е испратено писмено да се образложи“,
истакна Османи.
Министерот објасни и дека за време на разговорите нашата делегација целосно се водела според насоките на Резолуцијата на Собранието, државните позиции и писмените предлози кои ги дале во декември.
Османи посочи и дека околу 20 февруари ќе има нов состанок меѓу двете земји.