Во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) 93 земји, меѓу кои и Северна Македонија, денеска гласаа за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН поради злосторствата во киевското преградие Буча и други места во Украина.
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, на Твитер Напиша дека „Северна Македонија ги осудува „флагрантните и системски прекршувања на човековите права“, објавувавјќи листа од земјите кои гласале за исклучување на Русија.
Во списокот од 93 земји кои гласаа за исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН се и Унгарија и Србија.
Одлуката за исклучување на Русија од Советот за човекови права на ОН беше донесена со 93 гласа за, 24 против и 58 воздржани.
Единствениот друг актуелен член на Советот за човекови права на кој му беше суспендирано членството беше Либија во 2011 година, кога силите лојални на Моамер Гадафи насилно ги разбија антивладините демонстранти.