Вицепремиерот Бујар Османи смета дека изборите кои ќе се одржат на 12 април се различни од кои било други бидејќи се во период кога ЕУ ќе носи одлуки.
„После новата усвоена методологија и прогрес извештајот кој што го очекуваме околу 2 и 4 март, еден од најважните фактори кои ќе ни ја определат судбината во март е како ќе се одвива изборниот процес“,
порача Османи.
Ова тој го потенира затоа што, вели, новиот Совет на ЕУ ќе се случи на 26 март, што ќе биде четврти ден од изборната кампања.
„Тоа значи дека она што ќе се случи на овие избори во предизборната кампања и во почетокот на изборната кампања ќе биде последното што министрите и премиерите ќе го имаат во нивната меморија кога ќе ја носат одлуката. Затоа овие избори не се исти со кои било други избори бидејќи се случуваат во моментот кога се носат одлуки. Микроскопот е зголемен на многу пати во однос на тоа што се случува во земјата, па дури и минималните инциденти ќе имаат влијание“,
вели вицепремиерот.