Договорот за граничниот премин Лојане-Миратовац беше потпишан во декември 2019 година, а претстои усогласување на Протоколот за начинот на спроведување на граничните контроли на заедничкиот граничен премин, за што потоа ќе се превземат и кокретни активности за отворање на овој граничен премин
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Србија, Бујар Османи и Никола Селаковиќ ја посетија локацијата каде што е предвидено да биде новиот заедничкиот граничен премин меѓу двете земји Лојане -Миратовац.
Овој проект ќе значи придобивка за граѓаните од овој регион кој ќе го олесни движењето, комуникацијата и регионалниот развој на овој дел од двете страни на границата – ќе го скрати патувањето на жителите од околните места кои и покрај територијалната близина, актуелно се принудени да патуваат десетици километри до постоечките гранични премини за да стигнат до своите роднини од другата страна на границата.
Договорот за граничниот премин Лојане-Миратовац беше потпишан во декември 2019 година, а претстои усогласување на Протоколот за начинот на спроведување на граничните контроли на заедничкиот граничен премин, за што потоа ќе се превземат и кокретни активности за отворање на овој граничен премин.
Двајцата министри изразија подготвеност за интензивирање на активностите со цел што побрза реализација на овој значаен проект кој исто така го одразува духот на иницијативата Отворен Балкан за олеснета комуникација на народите.
