„Политичко-безбедносните прашања и економските предизвици со кои се соочува европскиот континент поради руската инвазија врз Украина, исто така беа предмет на разговор меѓу двајцата соговорници, кои ја истакнаа важноста од заеднички одговор за зачувување на европската и светската безбедност и отпорност“, стои во соопштението од МНР
Пратеникот во германскиот Бундестаг од редовите на Зелените е во неколкудневна посета на земјава при што досега, покрај денешната средба со Османи, вчера го посети Собранието, а имаше и средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Германија ѝ е клучен политички партнер на С Македонија и таа натаму ќе ја поддржува земјава во реформските напори што ги преземаат институциите со цел брз напредок во пристапните преговори со Европската Унија, е заклучокот од денешната средбата на министерот за надворешни работи Бујар Османи со пратеникот и претседавач на Комитетот за Европската Унија во германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер.
Хофрајтер, како што соопштија од МНР, ја повторил заложбата дека Германија ќе продолжи и во иднина со сиот свој политички и институционален капацитет да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија.
„Политичко-безбедносните прашања и економските предизвици со кои се соочува европскиот континент поради руската инвазија врз Украина, исто така беа предмет на разговор меѓу двајцата соговорници, кои ја истакнаа важноста од заеднички одговор за зачувување на европската и светската безбедност и отпорност“,
стои во соопштението од МНР.
Пратеникот во германскиот Бундестаг од редовите на Зелените е во неколкудневна посета на земјава, при што досега, покрај денешната средба со Османи, вчера го посети Собранието, а имаше и средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На средбата со Мицкоски, како што соопштија од партијата, станало збор за референдумот за поништување на Договорот со Бугарија.
Мицкоски на Фејсбук напиша дека средбата истакнал оти ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи асимилација на македонскиот народ и негирање на македонскиот јазик и идентитет и дека референдумот е најдемократски начин на изразување на мислењето на граѓаните.