Вечерва додека се чекаше да започне седницата на Собранието на чиј дневен ред се предлог законот за ЈО и за измени на Законот за Советот на јавни обвинители, пратеничката од независната пратеничка група Емилија Александрова пријавила дека и е оштетен автомобилот кој бил на паркингот пред парламентот.
Како што изјави таа, автомобилот бил изгребан од обете страни. Александрова нема индиции кој би можел да е сторителот.