„Најважната тема на разговор е шансата да се создаде мир“, изјави портпаролот на унгарскиот премиер, Берталан Хаваси, додавајќи дека на заедничката средба Орбан и Зеленски ќе разговараат и за унгарско-украинските билатерални односи
Еден ден откако Унгарија го презеде претседавањето со Европската Унија (ЕУ), унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Киев на разговори со украинскиот премиер Володимир Зеленски.
„Најважната тема на разговор е шансата да се создаде мир“,
изјави портпаролот на унгарскиот премиер, Берталан Хаваси, додавајќи дека Орбан и Зеленски ќе разговараат и за унгарско-украинските билатерални односи.

Унгарскиот премиер се смета за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин меѓу лидерите на ЕУ и често се спротивставува на иницијативите на ЕУ за поддршка на Украина во одбраната од руската агресија.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во понеделникот изјави дека сака Унгарија да биде ефикасна во промовирањето на заедничките европски вредности, цели и интереси.
„Како што напредува на својот пат кон ЕУ, Украина е подготвена да придонесе во тие напори и да ја зајакне нашата Европа“,
рече Зеленски.
Ова е прва посета на Орбан во Украина од почетокот на руската инвазија.