Според него, унгарските граѓани можат да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека неговата земја нема да дозволи одржување собири за поддршка на терористички организации и додаде дека унгарските граѓани можат да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.
„Шокантно е тоа што има собири на оние што ги поддржуваат терористите низ цела Европа“,
рече Орбан.
Тој додаде дека имало дури и такви обиди во Унгарија, но дека неговата земја нема да дозволи собирање на поддршка за терористички организации бидејќи тоа би претставувало закана од тероризам.