Се чувствувам како пожарникар кој му се правда на пироманот, им се обрати вицепремиерот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, во својата завршна дискусија
Не успеа интерпелацијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ против вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Точно на полноќ, „за“ интерпелацијата гласаа 53 од вкупно 58 опозициски пратеници во овој состав, така што недостигаа уште осум гласа за таа да биде прифатена. Вкупно 55 пратеници од мнозинството, пак, гласаа „против“ интерпелацијата со која ВМРО-ДПМНЕ бараше одговорност од Димитров поради недобивањето датум за преговори со ЕУ, бугарската блокада, неприсуството на седница на собраниската Комисија за надворешна политика…
„Гол политички театар“
Во завршното обраќање – пред чинот на гласање, Димитров оцени дека интерпелацијата против него е политички театар.
„Целиот ден и сите ваши излагања само ми ја потврдија тезата дека интерпелацијата нема врска со мојата реална работа, туку е гол политички театар. Ви одговорив за учеството на седница на Комисијата за надворешни работи; Не бев уредно поканет, не морав да присуствувам, а сепак не одбив учество, и покрај несериозниот
рече Димитров.
однос на претседателот на омисијата. Ви објаснив за разликите во мојот пристап кон јавноста во моите меѓународни активности, кој е чесен и успешен, за разлика од вашиот – ем нечесен, ем неуспешен.
Ви набројав дел од активностите на СЕП, каде државата по прв пат почнува и активира некои запоставени капитални проекти и успешно си ја работи својата работа на патот кон ЕУ. На крајот, не гледам простор многу што да додадам. Се чувствувам како пожарникар кој е ставенво позиција да му се правда на пироманот“,
Тој апелира до опозицијата да не го саботира во работата, затоа што, како што рече, тоа е на штета на државата.
„Не само што нема поента, туку е и дрскост, јас, кој во основа ги
рече Димитров во завршното обраќање пред неговата интерпелација.
поправам вашите грешки и го надоместувам пропуштеното, да бидам ставен во позиција да се објаснувам пред вас. Разликата меѓу мојот пристап и резултати во последните неколку години и вашите обиди во деценијата пред тоа е повеќе од очигледна. За тоа сведочи не само македонската јавност, туку и целата меѓународна јавност. Затоа, ве повикувам: наместо да правите сопки, помогнете. Вклучете се конструктивно. Не ми ја отежнувајте работата со постојани саботажи. Баталете ме мене, ама тоа не е добро за
институцијата со која раководам, не е добро за народот и државата, а на крајот, не е добро ни за вас. Ќе завршам со цитат од првата интерпелација: „Ценам дека е време за делување без предрасуди, при што плиткиот национализам треба да биде заменет со визионерски патриотизам. Јас ќе продолжам со мојата мисија – да не’ биде и ќе не’ биде … и покрај сите пречки, вклучувајќи
ги тука и вашите најдобри напори“,
„Лажните ветувања отвораат дилема за враќање на мандатот“
За дискусија беа пријавени дури 62 пратеници, но не стигнаа сите да се вклучат во расправата, поради бројните реплики, но пред се поради деловничкото ограничување кое предвидува расправата по интерпелација да заврши за еден ден и да се гласа до полноќ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски рече дека Владата, за време на предизборната кампања, дала ветување дека земјава формално ќе ги започне преговорите со ЕУ до крајот на 2020 година, што не се случи.
„Давањето лажни ветувања во политиката ја отвора дилемата за враќање на мандатот. Актуелниот заменик-претседател на Владата пред неколку месеци беше прв човек на МНР, беше вклучен во постигнувањето на Преспанскиот договор, како и на оној за добрососедство со Бугарија. Тоа се два асиметрични договори кои беа презентирани како извонреден успех, а од нив произлегуваат само проблеми и последици“,
рече Муцунски.
Тој оцени дека за решенијата во овие договори не бил воден соодветен демократски дијалог и не била вклучена пошироката експертска јавност. Муцунски забележа и дека Димитров во два наврата беше повикан пред Комисијата за надворешни работи во Собранието да се разговара за прашањето со Бугарија и блокирањето на патот кон ЕУ, а тој не се појавил да реферира по овие прашања.
„Потребно е да констатираме дека за неприфатливиот, навредувачкиот однос и блокирање на патот кон ЕУ од страна на Бугарија, а тоа значи и негирање на идентитет, посебност, немаше институционален одговор“,
истакна Муцунски, кој рече дека е потребно национално единство и соработка за да се дојде до поприфатливи и достоинствени решенија.
„ВМРО-ДПМНЕ е понаклонето да му се придружи на Каракачанов“
Илија Николовски од коалицијата на СДСМ рече дека и денеска Собранието продолжува со бесмислени пленарни седници што ги поттикнува опозицијата.

„Денеска пукате во празно, барајќи интерпелација за еден од најуспешните министри. Со интерпелацијата покажувате дека се однесувате неодговорно, деструктивно и антидржавно. Во времето кога Никола Димитров беше министер за надворешни работи се постигнати најголемите успеси на нашата земја. Северна Македонија стана членка на НАТО, а вие од опозиција не се радувавте, иако беше остварен генерациски сон од почетокот на нашата самостојност“,
истакна Николовски.
Тој забележа дека Димитров е најнапаѓаниот министер од опозицијата. Нагласи дека, освен Бугарија, сите земји членки на ЕУ се согласиле за почеток на преговори.
„Има сериозни индиции дека ВМРО-ДПМНЕ е понаклонето да му се придружи на Каракачанов во нападите, па некако со заеднички сили да ги свиткаат СДСМ и премиерот Заев. Тоа го потврди првиот говорник. Вас ве прашувам, во што е вината на Димитров што Бугарија направи историски погрешна геополитичка одлука, што никој во светот не може да ја разбере и поддржи“,
рече Николовски.
Поврзани вести:
Одговорот на Димитров: За што ме обвинувате, зашто не испорачав преговори по секоја цена!?