Министерството за здравство информира дека се зголемува бројот на граѓани кои изразуваат интерес за вакцинација против ковид и според податоците вкупно 395 776 граѓани досега се пријавиле на веб-платформата vakcinacija.mk.
„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 216 453 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9 974 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10 221 граѓани“,
велат од Министерството за здравство.
Во државата вкупно се аплицирани 255 259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38 806 граѓани. Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 38,8 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
„Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во спортскиот центар ‘Борис Трајковски’ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид“,
велат од Министерството за здравство.