Основното јавно обвинителство во Велес отвори истрага против едно лице за кривично дело – убиство (во обид) од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, како и против две лица за помагање при извршување на кривичното дело – убиство (во обид) и за кривично дело – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од чл. 383 од Кривичниот законик за вчерашното пукање врз полицаецот во Велес
Секторот за внатрешни работи Велес претходно поднесе кривична пријава против тројцата браќа на возраст од 43 , 29 и 22 години, кои вчера во близина на градските гробишта во Велес, лоцирани кај црквата „Свети Спас“, физички го нападнаа полицаецот од кого го одзеле службениот пиштол и пукале во него.
Полициски службеник во СВР Велес и негова колешка во цивилна облека вршеле задачи по пријава за зачестено насилно одземање на предмети, чанти и паричници од лица што ги посетуваат гробиштата.
Полицаецот веднаш по нападот беше префрлен во болницата во Велес, а потоа и во Скопје за укажување лекарска помош, од каде што информираа дека е стабилно и надвор од животна состојба.
Утрово, како што соопшти МВР, приведен е Ѓ.К.(31) од Велес кој беше во бегство. Тој вчера му го одзеде пиштолот на полициски службеник и пукаше кон него.