Полицаец во Велес денеска изутрина е ранет во инцидент што се случил кај црквата „Св. Спас“ близу градските гробишта.
„Полицајците, додека преземале службени дејствија, биле физички нападнати од четири лица. Едно од нив на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзело службениот пиштол и пукало кон него“,
велат од МВР.
Полицаецот веднаш е префрлен во болницата во Велес, а потоа и во Скопје за укажување на лекарска помош.
Во врска со пукањето, ТВ 24 јавува дека до него дошло откако полицаецот со колешка биле во контрола кај црквата по пријава дека жители на ромската населба Рамина континуирано вршат грабежи на чанти од верниците.