Полицијата денеска околу 10 часот, го привела Ѓ.К.(31) од Велес, кој вчера пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, на полициски службеник му го одзеде пиштолот и пукаше кон него.
Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници. Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица.
По целосно расчистување на случајот МВР против нив ќе поднесе соодветна пријава.
Полицаецот веднаш по нападот веднаш беше префрлен во болницата во Велес, а потоа и во Скопје за укажување на лекарска помош, каде информираа дека е стабилно и вон животна состојба.
Инцидентот се случил додека полицаецот со колешка извршувале службени дејствија и биле физички нападнати од четирите лица во населбата Рамина по пријава дека континуирано се вршат грабежи на чанти од верниците.