Обвинителката Верица Бержецка на брифинг со новинарите денеска кажа дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го затвори предметот за јавни набавки за градењето на 19 модуларни болници во државата.
Предметот беше отворен на 10 септември 2021 г. по допрен глас, откако се случи трагичниот настан во ковид-центарот во Тетово. Тогаш Обвинителството посочи дека ќе ја провери документацијата за набавката и изградбата на сите болници.
Обвинителката Верица Бержецка на брифинг со новинарите денеска кажа дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки.
Анализирана е обемна и сложена документација, а предметот, кој првично бил кај обвинителката Вилма Русковска, преку Елизабета Јосифовска финишира кај Бержецка.
Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени.
Повеќе детали во текот на денот.
