Скопското обвинителство вечерва соопшти дека отворило истрага за убиство против 27-годишно момче кое вчера во Скопје до смрт ја претепал жена со која бил во блиски лични односи.
„Осомничениот, на 10 мај, во раните утрински часови, во куќа на улицата ’Перо Наков‘, при вршење семејно насилство, со умисла лишил од живот жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи. Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело и нанел повеќе телесни повреди – хематоми од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт“,
велат од ОЈО Скопје.
За 27-годишникот се бара притвор поради можноста да го повтори делото, да ги скрие трагите или да ја попречува истрагата и да влијае врз сведоци.