Од полицијата велат дека лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Приведен е 28-годишник од Скопје, осомничен дека го запалил автомобилот на неговата мајка, а се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 6:30 часот го лишиле од слобода 28-годишниот А. Ф. од Скопје“,
се вели во полициското соопштение.
Според информациите од МВР, настанот се случил околу 5:50 часот на подрачјето на Чаир, на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, кога осомничениот го опожарил автомобилот марка „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка.
По палењето на возилото, тој се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.
Од полицијата велат дека А. Ф. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
