Саид Саид, претходно вработен во „Паркови и зеленило“, ќе го раководи ЈП „Улици и патишта“, додека на чело на „Паркови и зеленило“ доаѓа Зухејр Реџепи. И додека Саид е непознат за јавноста, Реџепи е син на поранешниот поглавар на исламската верска заедница Сулејман Реџепи
Во саботата истакнати членови на ДУИ преку јавно писмо го обвинија вицепремиерот Артан Груби дека како дел од извршната власт сам одлучувал за кадровските поставувања и дека дилетантски се однесувал, со што се придонело кон револт и пасивност на гласачкото тело што, пак, резултирало со лоши изборни резултати на последните избори во Тетово
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска ги објави новите в.д. директори на неколку јавни скопски претпријатија на местото на претходните од ВМРО-ДПМНЕ кои или поднесоа оставки или беа разрешени од функциите во изминатиот период. Меѓу нив се и две имиња на членови на ДУИ – Саид Саид и Зухејр Реџепи.
Како што објави Телма се работи за членови на крилото во ДУИ познато како „огнена група“ која неодамна со отворено писмо побара промени во партијата.
Така, Саид Саид, претходно вработен во „Паркови и зеленило“, ќе го раководи ЈП „Улици и патишта“, додека на чело на „Паркови и зеленило“ доаѓа Зухејр Реџепи. И додека Саид е непознат за јавноста, Реџепи е син на поранешниот поглавар на исламската верска заедница Сулејман Реџепи.
Во саботата истакнати членови на ДУИ, меѓу кои и двајца пратеници, заменик-министер и двајца градоначалници, преку јавно писмо побараа од лидерот Ахмети да го врати партиското единство и да ја заврши внатрепартиската „војна“.
Тие го обвинија вицепремиерот Артан Груби дека како дел од извршната власт сам одлучувал за кадровските поставувања и дека дилетантски се однесувал, со што се придонело кон револт и пасивност на гласачкото тело што, пак, резултирало со лоши изборни резултати на последните избори во Тетово.
Обвинија и дека во партијата не постојат и не се формираат статутарните партиски органи, дека политичкото одлучување станало индивидуално, како и дека не постои дебата и консултација со базата.
Писмото до медиумите беше лиферувано од службената електронска адреса на Општина Чаир.
Ден потоа, Ахмети порача дека партијата има воспоставено стабилни структури со силна база, кои можат да функционираат дури и без него.
Според Ахмети, оваа реакција не е нешто ново и внатрепартиските превирања ги оцени како вредности на демократијата на кои и тој инсистирал веќе 20 години.