Судија на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО Скопје и донесе одлука за определување мерка за претпазливост – одземање патна исправа заради опасност од бегство на Жан Митрев, потврдиле за МИА од Основниот кривичен суд Скопје.
По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје, претходно, денеска информира дека била донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД-19 со методот на хемофилтрација.
Од Клиниката „Жан Митрев“ попладнево преку соопштение потврдија дека д-р Жан Митрев по уредна покана на ОЈО денеска бил таму и дал своја изјава.
„Клиниката ‘Жан Митрев’ и сега и понатаму целосно соработува со институциите за кои и да било
се наведува во соопштението од клиниката „Жан Митрев“.
случај. Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно и во интерес
на пациентите. Овој однос не е само кон надлежните институции и тела во државата, туку е
и кон нашите пациенти. Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста“,
Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за измама на пациенти за лекување со хемофилтрација во клиничката болница „Жан Митрев“.