Мерката за задолжително поседување зимска опрема во возилата ќе трае до 15 март идната година
Од утре, 15 ноември, до 15 март следната година граѓаните задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема во возилата, информира Министерството за внатрешни работи.
Мерката е согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, велат од МВР.
„Апелираме до граѓаните да се придржуваме кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови“,
апелираат од МВР.