Двајца од граѓаните на Северна Македонија повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од софиската болница „Пирогов“. Отпуштените пациенти се стабилни и во добра општа состојба. Се очекува тие да бидат преземени за натамошно набљудување во медицинските установи во Северна Македонија. Д-р Анастасија Викторова од Клиниката за изгореници и пластична хирургија при НУ болница „Пирогов“ ги предаде пациентите на медицински екипи од Република Северна Македонија.
Другите четворица повредени во несреќата се во добра општа состојба. Седмиот пациент, кој претходно беше опериран на Клиниката за ортопедија и трауматологија, а подоцна и на Клиниката за неврохирургија, е во стабилна состојба, непроменета од вчера.
Според најавите, уште двајца од повредените патници ќе бидат отпуштени од болницата утре, двајца на 30 неомрви, а еден на 1 декември.
Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција закажана за 11:30 часот, се очекува да сподели повеќе информации во врска со транспортот на двајца од повредените патници во сообраќајната несреќа што се случи во Република Бугарија.