Од скопските општини, во Чаир има најмногу заболени од ковид-19, вкупно 209 заклучно со денешните статистики на Министерството за здравство. Следни по број на заболени се Бутел со 76, Аеродром и Гази Баба со по 75, Центар со 73 и Карпош со 72.
Следна е Општина Сарај со 64 заболени, потоа Кисела Вода со 43 и Ѓорче Петров со 35 заболени.
Со двоцифрени бројки се и општините Шуто Оризари со 26, Студеничани и Арачиново со по 24 и Илинден со 19 заболени.
Во Петровец регистрирани се шест, а во Чучер Сандево вкупно четири дијагностицирани. Во Сопиште има најмалку, односно само две лица кај кои е дијагностициран ковид-19. Во статистиката на Министерството за здравство регистрирани се и двајца странски државјани.
Заклучно со денешните статистики на новозаболени, починати и оздравени, вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3 538, бројката на оздравени пациенти е 1 682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1 687.