Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,225 %, кај дизелот 1,906 %, кај екстра лесното масло 1,619 % и кај мазутот зголемувањето е 1,445 %
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99 % во однос на одлуката од 15.9.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,225 %, кај дизелот 1,906 %, кај екстра лесното масло 1,619 % и кај мазутот зголемувањето е 1,445 %.
Од 19.9.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: еуросупер БС-95 – 90,50 (денари/литар), еуросупер БС-98 – 92,50 (денара/литар), еуродизел БС (Д-Е V) – 87,00 (денари/литар), масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,00 (денари/литар), мазут М-1 НС – 48,268 (денари/килограм).
Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува 0,50 денари/л, а малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 не се менува.
Малопродажните цени на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,964 денари/кг и сега ќе изнесува 48,268 денари/кг.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,042 %.