Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика дизелот ќе се продава по цена од 90 денари за литар
Регулаторната комисија за енергетика објави дека од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за два денари, а екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денари.
Согласно најновата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 90 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство за 86 денари за литар.
Цената на еуросупер БС-95 останува 84,5 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а мазутот за 50, 391 денар за килограм.