Точниот датум од кога се укинува забрана ќе биде соопштен наскоро
Соединетите Американски Држави ќе ги укинат забраните на своите копнени граници со Канада и Мексико за целосно вакцинирани странски државјани на почетокот на ноември, соопштија официјални лица.
Прописите ги опфаќаат копнените граници и оние што се минуваат со траект, а наскоро се очекува тоа да се воведе и за воздушните граници.
Министерот за внатрешни работи Алехандро Мајоркас наскоро ќе го објави точниот датум кога мерките ќе стапат во сила.
Официјални лица од администрацијата на претседателот Џозеф Бајден нагласија дека не е укината „Уредбата 42“ на поранешниот претседател Доналд Трамп, со која се спречува пристапот до азил за стотици илјади мигранти кои се обидуваат да влезат во САД од Мексико.
САД пред неколку дена објавија дека во ноември ги отвораат границите за странските туристи, но само вакцинирани, а ќе ги признаат вакцините кои се одобрени од СЗО, а не само оние кои се одобрени кај нив.
Од 9 август Канада ќе дозволи влез за целосно вакцинирани посетители од САД.