Портпаролката на ЦДЦ изјави синоќа дека шест вакцини одобрени за итна употреба од СЗО ги исполнуваат критериумите за патување во САД, но не наведе за кои се работи имајќи предвид дека во САД се одобрени само три вакцини: „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“
За разлика од ФДА, СЗО одобри седум вакцини: Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, „Астра Зенека“ (две), „Синофарм“ и „Синовак“
САД ќе дозволат доаѓање на странски државјани кои се вакцинирани со вакцини официјално одобрени од Националната администрација за храна и лекови (ФДА) или Светската здравствена организација (СЗО), објави Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Белата куќа на 20 септември објави дека САД ќе ги укинат ограничувањата за патување за целосно вакцинирани граѓани од 33 земји, вклучително и Кина, Индија, Бразил и повеќето европски земји, во ноември, но тогаш не беше прецизирано кои вакцини ќе бидат прифатени.
Портпаролката на ЦДЦ изјави синоќа за Ројтерс дека шест вакцини одобрени за итна употреба од СЗО ги исполнуваат критериумите за патување во САД, но не наведе за кои се работи имајќи предвид дека во САД се одобрени само три вакцини: „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.
За разлика од ФДА, СЗО одобри седум вакцини: Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, „Астра Зенека“ (две), „Синофарм“ и „Синовак“.
Американските авиокомпании изразија задоволство од одлуката на ЦДЦ да одобри патување за вакцинирани патници од странство.
Кога може да се очекува одлука?
Доцна во петокот, ЦДЦ рече дека „претходно оваа недела ги извести авиокомпаниите“ за вакцините што ќе бидат прифатени и додаде „ЦДЦ ќе издаде дополнителни упатства и информации кога ќе се финализираат барањата за патување“.
Новите барања за вакцина против ковид -19 сега ќе важат за скоро сите странски државјани што ќе дојдат во САДдржави – вклучително и оние што не подлежат на претходните ограничувања.
ЦДЦ се уште мора да ги финализира и објави новите правила за следење на меѓународнте посетители, кои се испратени на одобрување во Белата куќа на 15 септември.
ЦДЦ, исто така, мора да прецизира правила за исклучоци, кои вклучуваат деца кои се уште не ги исполнуваат условите за вакцинирање, како и посетители од земји каде што вакцините не се широко достапни. Администрацијата исто така мора да одлучи дали ќе прими посетители кои биле дел од клиничките испитувања за ковид-19 или неодамна се заразиле со ковид-19 и се уште немаат право за вакцинација.