Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, бебето неколку пати претходно било хоспитализирано на оваа Клиника поради компликации од неговите основни заболувања: остеохондродисплазија, епилепсија, хидроцефалус, малнутриција, дилатациона кардиомиопатија
Едногодишно дете згрижено во Домот за доенчиња во Битола починало од ковид на 29 минатиот месец, соопшти денеска Институтот за јавно здравје.
Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, бебето неколку пати претходно било хоспитализирано на оваа Клиника поради компликации од неговите основни заболувања: остеохондродисплазија, епилепсија, хидроцефалус, малнутриција, дилатациона кардиомиопатија.
„До денот на последната хоспитализација, детето е хоспитализирано во Клиничката болница Битола каде поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15.11.2021 до 24.11.2021 кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на ковид 19 и е упатено во Клиниката во Козле. По добиената терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64% , детето е префрлено на Клиниката за детски болести за понатамошен третман и соодветно лекување. Интензивниот мониторинг и лекување на детето во ургентен центар кое од денот на прием е на механичка вентилација, се одвива од 24.11.2021 до 29.11.2021 година, кога и покрај сите превземени дејствија за лекување и реанимација, завршува летално“,
се вели во соопштението од Министерството за здравство.