Од вчера неговата здравствена состојба се влоши и беше поставен на респиратор
Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), Иринеј, почина денеска од компликации од новиот коронавирус, објавија медиумите.
Веста за смртта ја објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој на Инстаграм, заедно со црно-белата фотографија од патријархот Иринеј, напиша:
„Ми беше чест да те познам. Луѓето како тебе никогаш не заминуваат“.
Иринеј беше примен во болница во Белград на 5 ноември откако му беше дијагностициран ковид-19, но тогаш од СПЦ изјавија дека тој нема симптоми и неговата состојба е добра. Но од вчера неговата здравствена состојба се влоши и беше поставен на респиратор.
Беше избран за патријарх на СПЦ на 22 јануари 2010 година.
Патријархот Иринеј, кој има 90 години, неколку дена пред да биде дијагностициран со ковид, заедно со илјадници верници, присуствуваше на погребот на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, кој почина од компликации со ковид-19.