Поглаварот на СПЦ кој има 90 години неколку дена пред да биде дијагностициран со ковид на почетокот на месецов, присуствуваше на погребот на митрополитот црногорско-приморски Амфолохије, кој почина од компликации на ковид-19
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека поглаварот на Српската православна црква Иринеј е „во тешка здравствена состојба.
Одговарајќи на новинарско прашање, за здравствената состојба на патријархот, Вучиќ кажа дека патријархот се наоѓа во „состојба која не е лесна“.
„Пред три часа беше подобро, сега ситуацијата е тешка. Пред 55 минути тој беше интубиран“, кажа Вучиќ и додаде дека лекарите се борат за животот на патријархот.
Според Горан Стевановиќ, директор на Инфективната клиника, претходно изјави дека патријархот е во тнр. „црвената зона“.
„Тие се обидуваат да му направат дренажа на белите дробови, додека патријархот е интубиран, бидејќи тоа не било можно порано“,
изјави Вучиќ.
Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), на 4 ноември беше примен во болница поради позитивн тест на коронавирус.
Тој тогаш немаше симптоми и од службата за информирање на СПЦ рекоа дека се наоѓа во одлична општа состојба.
Патријархот Иринеј кој има 90 години неколку дена пред да биде дијагностициран со ковид, заедно со илјадници верници, присуствуваше на погребот на митрополитот црногорско-приморски Амфолохије, кој почина од компликации на ковид-19.