Министерот за здравство Беким Сали уште пред почетокот на второто полугодие најави дека скрининг на учениците ќе има уште првата недела
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири нема информација кога ќе почне скринингот во школите, меѓутоа вели дека процесот е во тек и ќе се реализира во следниот период.
„Немаме информација од Министерството за здравство, но тие соработуваат со Комисијата за заразни болести. Денеска има состанок, сигурно во наредниот период може да го организираат и скринингот. Нема никаква информација кога почнува“,
рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање.
Според него, децата веднаш по пројавување симптоми не одат на училиште, а барањето за одложување на второто полугодие од две недели веќе не е тема на разговор.
„Сега сме во другата фаза во образовниот процес и мислам дека сите со добра соработка ќе може да ја поминеме и новата варијанта на вирусот и да дојде крајот на омикрон во нашата земја“,
рече Шаќири.
Министерот за здравство Беким Сали уште пред почетокот на второто полугодие најави дека скрининг на учениците ќе има уште првата недела.
Од денеска почнува скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на ковид-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки. Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1 000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.