Во Куманово денеска се регистрирани нови 43 заразени со коронавирус. Од нив, според информациите на „360 степени“, 21 се здравствени работници.
Најголем дел од медицинскиот персонал е од Општата болница во Куманово – 18, додека останатите новодијагностицирани се од Здравствениот дом – Куманово и од приватна здравствена установа.
Меѓу останатите случаи што денеска беа соопштени за заразени од Куманово, е и градоначалникот Максим Димитриевски, кој самиот објави на социјалните мрежи.
Официјалниот извештај од Министерството за здравство за територијата на цела држава сè уште не е објавен иако досегашната пракса беше да се објавуваат до 15 часот.
Од Министерството посочија дека извештајот се подготвува во моментов и кога ќе биде готов ќе го објават.
Во меѓувреме, министерот Венко Филипче заврши во изолација бидејќи беше во контакт со заразениот градоначалник на Куманово, па од Министерството се подготвуваат тој да одржува прес-конференции преку зум-платформата од својот дом.