Кина од 28 март привремено ќе запре влез на своја територија за странци со важечки визи и дозволи за престој како привремена мерка против ширењето на епидемијата на коронавирусот, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
Исклучоци ќе се прават за лица кои ќе бидат во дипломатска или официјална посета, како и за лица што имаат „Ц“ виза.
Визи од категорија „Ц“ се издаваат на странци кои учествуваат во меѓународни транспортни услуги.
Во Кина се регистрирни 67 нови случаи на заразени со коронавирусот, додека во провинцијата Хубеј нема ниту еден нов случај, соопшти кинеската Национална комисија за здравство.
Исто така, кинеската статистика регистрира дека шести пат во осум дена во земјата нема регистриран случај на локално пренесена зараза.