Од снимките може да се види како едно лице се приближува кон возилата паркирани на тротоарот пред Амбасадата. Додека се упатува кон нив, лицето од пластична кеса вади шише со непозната течност и ги полева возилата. Потоа се гледа како предниот дел од автомобилот „сузуки“ гори, а лицето што го предизвика запалувањето бега

Бугарските медиуми попладнево објавија видеоснимка на која се гледа палењето на двете дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје.
Од снимките може да се види како едно лице се приближува кон возилата што се паркирани на тротоарот пред Амбасадата. Додека се упатува кон нив, лицето од пластична кеса вади шише со непозната течност и ги полева возилата. Потоа се гледа како предниот дел од автомобилот „сузуки“ гори, а лицето што го предизвика запалувањето бега.
Осуда за палењето на возилата стигна од македонските власти и од бугарското Министерството за надворешни работи.
Од Министерството за надворешни работи на Бугарија рекоа дека палењето на возилата е резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза.
Во реакцијата тие упатуваат критики до македонските институции поради, како што велат, недостатокот на соодветен одговор во претходни слични случаи, што создава чувство на неказнивост кај сторителите.
Поврзани вести:
- Бугарско МНР: Палењето на возилата е последица на агресивниот политички говор и поттикнувањето омраза
- Владата го осуди опожарувањето на дипломатските возила пред бугарската амбасада во Скопје – очекува ефикасна истрага
- Македонското МНР очекува брза и ефикасна истрага по опожарувањето возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје
- Двете опожарени возила се сопственост на бугарската амбасада, соопшти МВР
- (ФОТО+ВИДЕО) Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје
