Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до системот за електронски услуги на МОН https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

Министерството за образование и наука (МОН) го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година. Во јунскиот уписен рок ќе има две пријавувања. Првото електронско пријавување ќе почне на 14 јуни и ќе трае до 17 јуни.
Доставувањето на потребната документација до училиштата ќе биде на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025.
Второто електронско пријавување во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025, доставувањето на документите на 1 јули и објавувањето на конечната ранг-листа и слободните места на 2 јули 2025.
Од МОН велат дека пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21 август 2025.
Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до системот за електронски услуги на МОН https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk
Во објавениот Конкурс се наведени условите за запишување на учениците во прва година, утврдениот минимум број поени за пријавување, потребната документација која учениците ќе треба да ја достават во избраното средно училиште по успешното електронско пријавување, како и насоки за спроведување на конкурсот.